Учесници
2019
Минатата година, околу 120 оператори на органски производи (производители, трговци, увозници и извозници) учествуваа на саемот како изложувачи, а манифестацијата ја посетија над 2000 гости и посетители. Исто така беа контактирани и оператори со органска храна од други земји, учествуваа дваесет и еден изложувач, претставници на пет здруженија, индивидуални земјоделци, газдинства и компании од Р. Србија, една компанија од Р. Бугарија, една руска и една индиска компанија, заедница на Унгарци, заедница на Срби и заедница на Албанци во Македонија, со што манифестацијата се здоби и со меѓународен карактер.
Покрај операторите со храна, свој интерес за учество на манифестацијата пројавија и компании што се занимаваат со производство и трговија на опрема и амбалажа за преработка, пакување, обележување и следење на прехрамбени производи, како и производители и увозници на препарати и ѓубрива за органско производство, печатени и електронски медиуми и ТВ куќи, стопански комори од земјата и од странство, како и дипломатски претставништва и амбасади, со што самата манифестација прерасна во саем.
Со самото присуство на повеќето чинители на производно-продажниот процес, менаџерскиот тим на ЖИВОТ, иницираше идеја да се организира панел дискусија и да се овозможат Б2Б состаноци. Врз основа на оваа идеја, организиравме панел дискусија на тема „Зошто да одберам органски производ?“, во која учествуваа познати нутриционисти и претставници од сертификациските куќи во Р. Македонија. Гостите од Србија исто така имаа кратка презентација за да ги споделат своите искуства.
Саемот беше одлична основа да им дадеме видливост како на производите, така и на производителите. Поради тоа, од организациски аспект, обезбедивме и простор со поставени маси и столчиња како и соодветен материјал, потребни за овозможување на Б2Б средби помеѓу производители, преработувачи и извозници, а Здружението „ЖИВОТ“ беше иницијатор за поврзување и потпишување на меморандуми за соработка помеѓу повеќето чинители од регионот и пошироко.
Во рамките на манифестацијата беше поставена органска трпеза каде што посетителите имаа можност да ги вкусат органските производи приготвени од страна на реномираниот шеф Марк де Јонг. Покрај органската трпеза, беа поставени и традиционални трпези на заедниците во Македонија – заедница на Унгарците, Србите, Албанците и Хрватите на кои беа презетирани традиционалната храна и култура на истите.
На настанот присуствуваа и експерти од рурален и земјоделски развој, како и претставници од секторот за развој на руралниот туризам, кои ги претстави тековните теренски услови, започна дискусиите и даде препораки за понатамошни мерки и чекори за подобрување на животот во руралните области.
Според плановите и активностите на здружението, оваа година саемот ќе се организира на 12 септември.
Настанот „Органска трпеза“ се спроведува со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.